Зеленски бара од Европа да воведе нафтено ембарго за Русија

Киев, 29 март 2022 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во синоќешното обраќање до нацијата ги повика западните држави итно да ги заострат санкциите кон Русија и да воведат ембарго на нафта.

Тој истакна дека западните држави минатата година згрешиле кога ги пролонгирале санкциите кон Русија.

Зеленски наведе дека санкциите мора да бидат „ефикасни и сериозни“, имајќи ги предвид досегашните постапки на Русија.

САД веќе воведоа ембарго на испораките на руска нафта, но Европа, многу позависна од руската енергија, е неодлучна во тој поглед.

Прочитајте и:  Мисајловски: Нов пакет помош за Украина наскоро на владина седница
- Реклама -