Зеленски: Алтернативниот црноморски коридор за извоз продолжува да функционира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека алтернативниот коридор за извоз на жито преку Црното Море ќе продолжи да функционира и покрај сите закани.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Зеленски, тој телефонски разговарал со британскиот премиер Риши Сунак за функционирањето на таа рута и обезбедувањето на бродот.

Компанијата „Барва инвест консалтанси“ со седиште во Киев и британската безбедносна компанија „Амбреј“ вчера соопштија дека Украина ја прекинала употребата на својот извозен коридор на Црното Море поради можна закана од руски воени авиони и морски мини.

МИА

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување
- Реклама -