Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација за руските граѓани

Брисел, 31 август 2022 (МИА) – Чешкото претседателство со ЕУ информираше дека министрите на ЕУ се усогласиле за укинување на визната либерализација за руските граѓани, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Европската Унија се согласи за целосна суспензија на договорот за визно олеснување со Русија“, соопшти Жозеп Борел пред малку на прес конференцијата по неформалниот Гимних во Прага, напиша чешкото претседателство на Твитер.

Министрите за надворешни работи денеска одржуваат неформален министерски совет во Прага, на дневен ред беше најавено дека ќе се дискутира за целосно укинувањето на слободното патување на руските граѓани во ЕУ.

Ова го бараа пред сѐ источните и балтичките земји, додека Германија и Франција се спротивставуваа.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ

Пред малку 27-те земји постигнале согласност сепак да се укине визната либерализација за руските граѓани во ЕУ.

- Реклама -