Дури и од здравите намирници можете да се подуете. Ништо што е еднолично и претерано не може да биде претерано здраво.
Човековото тело има потреба од внесување на разнолики витамини, во различни количини и зависно од промените. Затоа нутриционистите порачуваат да внимавате со прекумерената употреба на следните:
Брокулите, зелката и карфиолот содржат вид на влакна што долго се задржуваат во стомакот, особено ако се јадат свежи. Затоа не претерувајте со нив.
Кисела вода – Да, водата е добра ако сакате да ослабете. Но, меурчињата можат да придонесат кон надуеност.
Замена за шеќер – Од засладувачите како што се ксилитол, малтитол и сорбитол можете да се надуете. Тие најчесто се наоѓаат во диеталните прозиводи.
Замрзната храна – Многу од овие производи содржат половина од препорачаната дневна доза натриум. И тоа во само едно нивно пакување. Немојте да претерувате, бидејќи тоа може да доведе со задржување на водата.