Униформа во кафуле: Мини-здолниште и вентилатори на под

Сѐ повеќе новоотворени локали од своите келнерки бараат да носат предизвикувачка облека која ќе привлекува клиенти. Таков е случајот со Кортни Скарамелa, келнерка во кафулето О’Хара во Вествуд, Лос Анџелес.

Tаа тврди дека ја отпуштиле од работа затоа што одбила да носи прекратко карирано здолниште. Поради тоа одлучила да го тужи поранешниот работодавач, пишува Huffington Post.

Кортни се вработила во О’Хара во 2008 година и на почетокот немала никакви проблеми, но неодамна сопствениците одлучиле да воведат нова униформа за неа и за останатите келнерки – мини-здолништа, со кои очекувале да се зголеми посетеноста, а со тоа и заработката.

Скарамела првично испратила официјална поплака до сопственици, жалејќи се дека облеката е сексистичка и наскоро униформата станала незадолжителна. Меѓутоа, за кратко време нејзините работни часови биле намалени и на крајот добила отказ.

Таа објаснила дека овој начин на облекување бил комплетно нефер кон неа и кон останатите вработени, и сите биле навредени од овој пристап. Кортни додала дека самата облека не бил единствениот сексистички проблем во кафулето, туку и фактот што на подот биле поставени вентилатори, за да ги дуваат мини-здолништата.

Сопствениците на локалот сѐ уште немаат коментар за случајот.

- Реклама -