На производителите на компјутери деновиве им беше речено дека Windows
XP ќе биде испорачуван до крајот на оваа година, и покрај спротиставување на
корисниците кон Vista и нејзините проблеми со компатибилноста.
На производителите на компјутери деновиве им беше речено дека Windows XP ќе биде испорачуван до крајот на оваа година, и покрај спротиставување на корисниците кон Vista и нејзините проблеми со компатибилноста.
На почетокот на 2008, договорите на Microsoft со компаниите кои изработуваат компјутери налагаат нивните продукти да се продаваат единствено со Vista оперативниот систем.
Глобално, Vista обезбеди минимален пораст во продажбата на PC-ња, меѓутоа не ги задоволи долго најавуваните бројки и предвидувања.
Во меѓувреме тоа не е се'. По претходните одлагања во 2005, 2006 и 2007 Microsoft го помести излегувањето на SP3 за 2008 година и според горенаведените информации изгледа дека нема намера воопшто да го објави(Service Pack Road Map).
Дали е ова крајот на Windows XP, кој беше најголемиот адут на Microsoft и воедно најдобро продаваниот оперативен систем на сите времиња?
Реалноста е дека Microsoft има нов играч, и покрај Vista веќе работи на ОС наречен Vienna.
Останува да видиме што ќе се случи со милионите XP корисници кои Microsoft буквално ги остава на цедило со тоа што ќе им ја ускрати поддршката.
Реалноста е дека многу од нив немаат потреба од нов ОС, а без закрпите кои беа најбројни кај XP, оваа платформа ќе биде бесполезна и подложена на милоста на разновидните сигурносни дупки, вируси и сл.
365 форум: Microsoft се откажа од Windows XP и нема планови за SP3