Заврши повлекувањето на Русите, славје и украински и ЕУ знамиња низ Херсон (ВИДЕО)

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека го довршило повлекувањето на силите од западниот брег на реката Дњепар во украинската јужна област Херсон, јави Тасс.

Во редовниот дневен извештај, Министерството информираше дека сите руски сили и опрема се префрлени на левиот, односно источниот брег на реката. Повлекувањето било завршено утрово до 5 часот по локално време.

Русија нареди повлекување во средата, признавајќи дека каналите за снабдување на силите во Херсон се отсечени како последица на украинската контраофанзива и дека останувањето на тие позиции би резултирало со голем број жртви во редовите на руските сили.

Сепак, според Кремљ, ништо не се менува во статусот на градот и Херсонската област, и тие остануваат руски.

Сликите од Херсон, меѓутоа, говорат нешто друго. Бројни фотографии и видеа на социјалните мрежи покажуваат како локалните жители со овации и некриејќи ја радоста ги пречекуваат украинските сили, а на објектите во градот се поставуваат украински па и знамиња на ЕУ, проследени со аплаузи од насобраните жители. Меѓу тие објекти е и административната зграда на Херсон.

 

Прочитајте и:  Белорусија испрати дополнителни трупи на границата со Украина
- Реклама -