Песков: Херсонската област останува територија на Русија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска отфрли какви било промени во статусот на Херсонската област во врска со повлекувањето на руските трупи од Херсон на левиот брег на реката Дњепар.

На прашање дали е можно да се промени статусот на областа, за која Русија прогласи анексија на крајот на септември, Песков на брифинг одговори дека „Херсонската област е субјект на Руската Федерација и тој статус е законски дефиниран и фиксиран“.

„Нема и не може да има никакви промени“, изјави Песков, пренесоа руските медиуми.

На прашањето дали ситуацијата кога Русија ги повлекува своите сили на левиот брег на Дњепар е понижувачка за рускиот претседател, Песков одговори: „Не“.

Прочитајте и:  Дуда: Зеленото светло од САД за напади во внатрешноста на Русија може да биде одлучувачко за војната

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 9 ноември се согласи со предлогот на командантот на руските сили во Украина, Сергеј Суровикин, руските сили да се повлечат на левиот брег на Дњепар и таму да ја организираат одбраната.

МИА

- Реклама -