Зависност од „junk food“

Повеќе... Брзата храна, готовите јадења, грицките и слатките предизвикуват зависност исто како и цигарите, е заклучокот од истражувањето направено во САД.


junk-food.jpgБрзата храна, готовите јадења, грицките и слатките предизвикуват
зависност исто како и цигарите, е заклучокот од истражувањето направено
во САД.

Професорот Дејвид Кеслер, поранешен прв човек на американската
FDA (Food and Drug Administration) кој сега работи на универзитетот во
Калифорнија, тврди дека произведувачите на овој вид на храна создале
комбинација на масти, шеќери и соли која е толку вкусна што луѓето не
можат да престанат да јадат се додека не дојде до прејадување.

Според Кеслер, произведувачите секогаш се во потрага по таква комбинација на вкусови која предизвикува неодоливо задоволство со што се создава постојана глад за тој производ: „Време е да престанеме да ги обвинуваме поединците за дебелината и  прекумерното јадење. Вистинскиот проблем е тоа што живееме во свет во кој храната е секогаш и секаде достапна, а во исто време таа содржи состојки кои не потикнуваат на дополнително конзумирање.“

„За милиони луѓе модерната храна е нешто на кое не можат да одолеат“ – вели проф. Кеслер. Додека тој работеше за FDA (од 1990. до 1997.), Кеслер беше познат борец против индустријата за производство на цигари, која ја обвинуваше дека манипулира со пушачите бидејќи произведува цигари од кои е се потешко да се одвикне.

Во својата најнова книга, Кеслер наведува одредени комбинации на соли, масти и шеќери кои ги користат приозведувачите на храна, за нивните производи да бидат, како што вели тој, хипервкусни („hyper-palatable“). Како пример за такви прозводи Кеслер ги спомнува кечапот Heinz и фрапучиното со бело чоколадо на Старбак, но има илјадници други производи кои се осмислени само да предизвикаат чувство на задоволство.

Кеслер тврди дека не само што се внесуваат премногу калории конзумирајќи она што се нарекува „junk food“, туку и дека таквата храна делува врз мозокот, создавајќи еден вид на зависност. „Првата комбинација на вкусови ги потикнува невроните да бараат уште. Многумина од нас имаме нешто што може да се нарече „чип за задоволство“ кој се активира кога сме посебно задоволни од некој вкус. Колку повеќе шеќери, соли и масти додаваме во некоја храна, таа станува се повкусна“ објаснува проф. Кеслер.[The Real Reasons We Overeat]

- Реклама -