Зависник од пластична хирургија

Повеќе...Една корејска зависничка од пластични операции инјектирала масло за готвење на своето лице кога залихите од силикон и се потрошиле. Крајниот резултат на тоа бил, се разбира, катастрофален.

f_0_hangmioku_sv_320.jpgЕдна корејска зависничка од пластични операции инјектирала масло за
готвење на своето лице кога залихите од силикон и се потрошиле.
Крајниот резултат на тоа бил, се разбира, катастрофален.

48-годишната Hang Mioku станала толку опседната со пластичната хирургија што се преселила во Јапонија за да може да ги искористи различните пластични операции таму. За несреќа, докторите во Јапонија одбиле да ја оперираат, па таа се вратила во родната Кореа. Хирургот за пластични операции и обезбедил силикон за самата да може да си става инјекции на лицето. Кога залихите од силикон се потрошиле, таа си инјектирала на своето лице масло за готвењe.

Според информациите од Daily Telegraph, после инјектирањето со масло,  нејзиното лице станало премногу големо во споредба со нејзиното ситно тело. Откако Hang се појавила на корејската телевизија, гледачите донирале пари за таа да може да оди на операција за да се намали големината на нејзиното лице. При оваа процедура дури четврт килограм се отстранети од лицето на Hang. [Surgery addict injected oil into her face]

- Реклама -