Еден од начините да ги усовршите тактитиките на заведување е и да ги прилагодите на хороскопскиот знак на личноста која ве интересира. А откако зодијачкото заведување ќе ви успее, може да ја искористите следната листа и за да одберете подарок или патување за вашиот партнер.
Еден од начините да ги усовршите тактитиките на заведување е и да ги прилагодите на хороскопскиот знак на личноста која ве интересира. А откако зодијачкото заведување ќе ви успее, може да ја искористите следната листа и за да одберете подарок или патување за вашиот партнер.
Овен
1. Пристепете смело – Овенот ќе ја цени вашата директност
2. Закочете и уживајте додека вашиот Овен ве вовлекува во виорот на страста
3. Бидете подготвени да ве осветли сјајот на вашиот патнер – Овенот ќе биде ѕвездата на ваше сопствено приватно шоу
Како се бакнува: Бакнежите се брзи страстни парчиња соблазиво задоволство што во еден миг се тука, а следниот исчезнале.
Скапоцени камења: аквамарин за родените во март, дијамант за родените во април
Бои: црвена
Цвеќиња: анамска рака (honeysuckle)
Метал: железо, бакар
Држави: Англија, Франција, Германија, Полска
Бик
1. Згответе му го омиленото јадење – комплетирајте го доживувањето со убава музика, интересни чинии и свеќи
2. Гушкајте се, ова е секогаш добар избор за Бикот.
3. Давајте суптилни комплименти, а наскоро Бикот ќе ви покаже колку задоволувачка може да биде врската со него.
Како се бакнува: Бакнежите се внимателни, бавни и од срце, и може да траат и траат…
Скапоцени камења: Сафир, смарагд за родените во мај, дијамант за родените во април
Бои: светло сина, розова, лимон жолта
Цвеќиња: фрезија, ружа, љубичица
Метал: бакар
Држави: Ирска, Швајцарија, Шведска, Русија
Близнаци
1. Забавувајте се во играта на флертување со Близнаците
2. Бидете недопирливи, заводливи и секогаш со едната нога во бегство. Близнаците ја обожаваат потерата
3. Стимулирајте го нивниот ум – а потоа и нивното тело. Близнаците не можат да одолеат на интелигентен љубовник
Како се бакнува: Бакнувањето е испрекинато со насмевки, кикотење и забавни коментари.
Скапоцени камења: ахат, бисер, смарагд за родените во мај, месечев камен за родените во јуни
Бои: жолта, боите на виножитото
Цвеќиња: момина солза, лаванда, ружа
Метал: жива
Држави: Австралија, САД, Велс, Шкотска, Ирска, Англија
Рак
1. Испланирајте тивка вечер во домашна атмосфера.
2. Опсипете го Ракот со добрина и внимание – Ракот ќе возврати десетпати повеќе
3. Покажете дека сте ранливи и Ракот ќе ви го покаже патот до вистинската емоционална сигурност во љубовна врска
Како се бакнува: Бакнежите се топли и нежни и никогаш нема да поскате да престанат
Скапоцени камења: смарагд, бисер, месечев камен за родените во јуни и рубин за родените во јули
Бои: сребрена, морско зелена
Цвеќиња: хризантема
Метал: сребро
Држави: Јужна Кореја, Шкотска, Холандија, Нов Зеланд
Лав
1. На вашиот Лав кажете му колку е сјаен, прекрасен и златен
2. Отстапете му го центарот на вниманието и тој ќе посака да го подели со вас
3. Бидете кротки и покорни. Лавот ќе ве поттикне да се препуштите на вашите најчудесни фантазии
Како се бакнува: Диво и без инхибиции, со гризење и зграпчување, Лавот очекува аплауз по изведбата
Скапоцени камења: рубин за родените во јули, оливин за родените во август
Бои: златна, портокалова
Цвеќиња: сончоглед, невен
Метал: злато
Држави: Франција, Италија, Перу, Романија
Девица
1. Појавете се со беспрекорен изглед. Перфекционистичката страна на Девицата ќе ја привлече вашето внимание за детаљи
2. Кажете им колку сте импресионирани од нивната остроумност и моќни аналитички способности
3. Покажете колку ви се допаѓа нивната постојана потрага по совршенството
Како се бакнува: Бакнежите се суптилни и уредни, како и самата Девица
Скапоцени камења: карнеол, син сафир, оливин за родените во август, сафир за родените во септември
Бои: темно сина, кафена
Цвеќиња: Крин
Метал: жива
Држави: Грција, Турција, Крит, Бразил, Кариби, Уругвај
Вага
1. Покажете дека сте заинтересирани за уметност и литература. Вагата ја сака музиката, визулените уметности и поезијата.
2. Барајте го нивното мислење за секоја тема. Вагата се залага за еднаквост во врската и сака да се чуе што има да каже.
3. Разгалете ја Вагата со екстравагантност и комплименти, а потоа уживајте во восхитување и сензуалноса што сигурно ќе ги добиете за возврат
Како се бакнува: И тоа како знае да ужива, тогаш кога не е премногу зафатена.
Скапоцени камења: сафир, жад, опал
Бои: розова, зелена, лаванда
Цвеќиња: ружа, маргаритка (бела рада)
Метал: бакар
Држави: Јапонија, Бурма, Австрија, Тибет и Кина
Скорпија
1. Изгледајте привлечно, Скопрпијата го цени приордниот сексипил
2. Инвестирајте во сатенски чаршави и ароматизирани свеќи. Скорпијата ќе се погрижи за музиката и масажата
3. Отворете се. Скорпијата ќе сака да ги дознае сите ваши скриени желби – и ќе ја исполни секоја од нив.
Како се бакнува: Ги прескокнуваат бакнежите и веднаш одат на… следното нешто
Скапоцени камења: опал, топаз
Бои: црна, темно црвена, костенлива
Цвеќиња: гераниум, гербер, анамска рака (HONEYSUCKLE)
Метал: железо, челик, магнезиум
Држави: Египет, Сирија, Алжир, Мароко, Норвешка, Холандија и Замбија
Стрелец
1. Бидете ентузијастички расположени, енергични и секогаш подготвени за авантура
2. На Стрелецот дајте му емоционална и физичка слобода
3. Бидете подготвени за патување. Стрелецот веројатно ќе ве одведе на егзотична (и еротична) дестинација
Како се бакнува: Бакнежите на Стрелецот се изненадувачки и спонтани, а другиот секогаш ќе бара повеќе…
Скапоцени камења: топаз за сите, цитрин (жолт кварц) за родените во ноември, тиркиз, син топаз и циркон за родените во декември
Бои: виолетова, светло сина
Цвеќиња: лале
Метал: калај
Држави: (медитеранска клима) Шпанија, Австралија, Јужна Африка, Португалија, Мексико
Јарец
1. Навистина треба да има го погодите вкусот, изгледот му е многу важен на Јарецот
2. Подарете им нешто што ќе ја покаже вашата посветеност и способност да ги менаџирате финансиите
3. Бидете трпеливи. Кој чека, ќе дочека. Ќе дочека вистински убави нешта
Како се бакнува: Бакнежите се интензивни мигови на сублимирано опуштање од стресниот ден
Скапоцени камења: рубин за сите, тиркиз за родените во декември
Бои: темно кафена, црна, сива
Цвеќиња: бршлен, каранфил
Метал: сребро, олово
Држави: Индија, Авганистан, Пакистан, Мексико, Куба
Водолија
1. Изненадете ги. Подарете им нешто необично и ретко.
2. Поврзете се со нивниот ум, пред да се поврзете со телото. Ќе ги маѓепсаат вашите мисли и целосно ќе ве заинтригираат
3. Покажете дека ви се допаѓа нивната посветеност кон идеалите. Тие ќе ви ја откријат вредноста на создавање подобар и покреативен свет
Како се бакнува: Сочно и непредвидливо
Скапоцени камења: аметист
Бои: сина, тиркизна
Цвеќиња: Орхидеја
Метал: алуминиум
Држави: Канада, Русија, Норвешка, Финска, Шведска, Индија, Иран
Риби
1. Рибите ја ценат чувствителноста и особено ќе им се допадне ако забележат дека сте трогнати од прекрасна музика
2. Комуницирајте преку илјада изразувања на љубовта – без да кажете ни збор. Рибите ќе ја прочитаат вашата душа преку вашите очи
3. Покажете им дека љубовните приказни од класиците може да постојат и ден денес.
Како се бакнуваат: Бакнежите се долготрајни и чувствителни.
Скапоцени камења: месечев камен, аметист
Бои: зелена, нежно виолетова, сино-зелена (аквамарин), виолетова
Цвеќиња: љубичица, лотус
Метал: калај, платина
Држави: Перу, Бразил, Аргенитна, Венецуела, Скандинавија, Португалија