Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез би можел да се соочи со казна од забрана за играње на 24 натпревари или со двегодишна суспензија поради гризнувањето на Џорџ Кјелини за време на вчерашниот натпревар со Италија.
Казната на Суарез ќе зависи од извештајот на мексиканскиот арбитер Марк Родригез, кој на самиот натпревар не го казни уругвајскиот фудбалер.
Заменик претседателот на FIFA Џим Бојс истакна дека организацијата мора да го испита Луис Суарез.
„Го видов инцидентот на телевизија. Нема сомневање дека Суарез е фантастичен фудбалер, но неговите постапки уште еднаш доведоа до тоа да биде сериозно критикуван. Нема сомневање дек FIFA многу сериозно треба да се справи со овој инцидент и да превземе сè што е потребно“, рекој Бојс за британските медиуми.
27-годишниот Суарез по натпреварот во своја одбрана изјавил: „Тој го бутна рамото во мене“.
Познато е дека Суарез има историја со ваквите инциденти (гризење на играчи), кога минатата година се соочи со забрана од 10 натпревари поради гризнувањето на фубалерот од Челзи, Бранислав Ивановиќ. А, во 2010 година доби забрана додека играше за Ајакс поради сличен инцидент.
Како што вели нашиот коментатор Златко Калински: „Има нешто што го тера на тоа“… Но, овој инцидет не може да помине без хумор, па ова е дел што се најде на интернетот денес: