Запознајте го човекот кој живее со 0 долари месечно

Даниел Суело Даниел Суело живее во пештера. Неговите месечни трошоци се точно 0 долари. Да бидеме попрецизни, тој воопшто одбива да користи пари и има цела филозофија за својот животен стил, а сето тоа убаво го објаснува на својот блог… Сè на сè, Даниел Суело е мошне интересен човек.


Даниел Суело живее во пештера. Неговите месечни трошоци се точно 0
долари. Да бидеме попрецизни, тој воопшто одбива да користи пари и има
цела филозофија за својот животен стил, а сето тоа убаво го објаснува
на својот блог… Сè на сè, Даниел Суело е мошне интересен човек.

Даниел СуелоНе можејќи никогаш да ги расчисти долговите до крај, борејќи се со постојаната лоша финансиска состојба, еден ден, во есента, 2000 година, Даниел Суело сфатил дека единствен начин да победи е да престане да игра. И престанал! Во истиот момент одлучил да се откаже од користењето пари, исто како што би се откажал од лоша навика. Оттогаш, тој живее со трошоци од токму 0 долари месечно.

Суело живее во мала пештера која се наоѓа високо во еден кањон со повеќе водопади, се наоѓа на еден час пешачење од најблиското гратче Моаб во сојузната држава Јута. Луѓето кои живеат таму се поделени во мислењата за него. Некои велат дека тој мора да е некој вид пророк на модерното време, а некои дека тој е непоправлив клошар. Даниел преку својот блог (кој го одржува од јавната библиотека) признава дека е по малку од двете:

„Кога живеев со пари, секогаш имав недостиг. Парите се симбол за недостиг. Парите го претставуваат минатото (долгови), парите ја претставуваат иднината (кредити), но парите никогаш не го претставуваат она што се случува сега!“

Ако се искачите до неговото живеалиште, а тој не е таму, ќе пронајдете ливче на влезот, на кое пишува – слободно употребете што и да ви е потребно, ништо овде не е мое.

Пештерата на Суело е со големина колку подвижен тоалет, а покрај него собира уште неколку тавчиња и тенџериња, две кофи со грав и ориз и кревет направен од кебиња поставени врз правливата почва и ништо друго. А сепак, тој е среќен. Зарем нешто друго е важно?

- Реклама -