Започнува производството на iPhone 5S

Според најновите анализи, партнерите за производство и диструбуција на Apple веќе се спремни за големите количини на производство на следниот голем претставник iPhone 5S што се очекува да започне овој месец.

Овие информации доаѓаат од страна на аналитичарот Peter Misek од почитуваната куќа Jefferies and Company, во кое тврди дека Foxconn во моментот вработува повеќе работници со цел да произведат и да ги задоволат големите барања за iPhone. Misek очекува голем настан за претставувањето на iPhone 5S, со испорака во септември помеѓу 25-30 милиони уреди, а за време на празниците испораката да се зголеми помеѓу 50-55 милиони уреди.

A7-Chip-for-Apple(2)

Следната генерација на Apple – iPhone 5S се очекува да има нов и многу помоќен процесор, надградена камера, можност за скенирање на прсти, исто така.

iphone5-3(5)

Според Misek, iPhone 5S ќе биде претставен или при крајот на месец септември или на почетокот на октомври, што би било точно една година од претставувањето на iPhone 5.

Текстор е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -