Започна ТВ соочувањето, прво од аспект на овие избори, на двајцата лидери на двете најголеми партии во државата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски, најавен за 18:15 часот.
Ќе се дебатира за низа теми од областа на политиката, правдата и економијата, меѓу кои и Договорите со Бугарија и Грција, но и предизборните ветувања за зголемени плати и пензии во услови на пандемија на коронавирус – кога сите релевантни светски институции велат дека последиците по економијата во светот ќе се чувствуваат со години, па и децении.
Домаќин во Отвореното студио на „ТВ24“ е новинарот Младен Чадиковски.