Заменикот на Maybach ќе биде Pullman

Најлуксузната модификација на новата S-класа ќе се појави после една година и ќе стане заменик на моделите на веќе затворената марка Maybach, пишува Worldcarfans, повикувајќи се на информации од блиски извори до германската компанија.

Според информациите новата верзија, најпрестижната S-класа ќе го добие името Pullman и ќе се најде на пазарот во мај 2014 година. Таа ќе се одликува со поголеми димензии и уште полуксузна опрема. Се очекува заменикот на Maybach да има меѓуоскино растојание од околу 3.500 mm, а вкупната должина на машината да достигне 6.000 милиметри. За споредба стандардната верзија на новиот модел S-класа (W222) има должина 5.116 mm и меѓуоскино растојание 3.035 mm. Кај моделот со долга база димензиите се соодветни 5.246 mm и 3.165 mm.

490_pullman_2014-470-1

За некои пазари ќе биде предложен уште поголем модел во кој ќе има три реда седишта (како во лимузина), а неговите димензии ќе бидат најблиски до оној на Mercedes-Benz S600 Pullman. Слични продолжени верзии се екстремно популарни во Кина, што укажува дека оваа модификација ќе биде наменета токму за најголемиот пазар во светот.

666_pullman_2014-470-2

Освен стандардната S-класа, долгата нејзина варијанта LWB и модификацијата Pullman, на пазарот ќе се појават уште купе, кабриолет и купе со четири врати.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -