2 часот по полноќ e, а вие го гледате долго очекуваниот плеј – оф натпревар или омиленото телевисиско шоу. Вашите црева почнуваат да кркорат, ве фаќа глад. Во дилема сте дали да го отворите мегазачинетиот чипс или чоколадниот сладолед.
Со ваквите оброци морате да бидете многу внимателни. Овој оброк доцна во ноќта, може да го поремети вашиот деноноќен ритам и да ги зголеми шансите за дебелеење. Да бидеме попрецизни, јадењето во ваквите термини од денот ги збунува органите и метаболизмот.
Сепак, најдоброто нешто што можете да го направите е да го избегнете оброкот во доцните часови. Доколку сте премногу гладни, размислувајте разумно. Постои супер храна која може да замени секаков оброк.
Наместо чипс, земете пуканки
Пуканките се солени и крцкави и целосно можат да го заменат чипсот. Можете да јадете пуканки без притоа да внимавате колку калории внесувате. Едно мало ќесе пуканки содржи околу 100 калории, но уште подобро што во меѓувреме внесувате и антиоксиданси и диетални влакна. Подгответе ги пуканките единствено со сол и зејтин, а избегнувајте да додавате путер или шеќер.
Заменете го сладоледот со замрзнат путер од кикирики
Често се случува „да ви падне шеќерот“ во доцните часови. Многумина би посегнале по две – три големи полни лажици сладолед. Подобра опција е двете лажици да ги наполните со замрзнат путер од кикирики. Путерот од кикирики, претходно го замрзнувате со цел побавно да јадете, а со тоа и подолго да уживате во неговиот вкус.
Темно чоколадо
Млечното чоколадо содржи премногу калории, па затоа не се препорачува во доцните вечерни часови. Монструозното млечно чоколадо, преполно со шеќери и масти, заменете го со темно чоколадо. Темното чоколадо, исто така содржи калории, но не во толкава мера. Покрај тоа, го намалува стресот. Доколку имате проблеми со заспивањето, темното чоколадо ќе ви биде добредојдено. Внимавајте во колкави количини го консумирајте!