Закана од Рогозин до соседите на Србија: На „Сармат“ не ѝ треба дозвола како за Лавров

Директорот на руската државна вселенска агенција „Роскосмос“ – Дмитриј Рогозин, им се закани на соседите на Србија поради тоа што не дозволија авионот на Сергеј Лавров да прелета низ нивниот воздушен простор за да може шефот на руската дипломатија да отпатува во Белград, каде требаше да се сретне и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Рогозин се закани со, ни помалку ни повеќе, туку со „Сармат“ – најсмртоносната руска ракета, во светот позната и како Сатана.

„Дали за тоа е добар ‘Сармат’? Тој нема да бара согласност од кукавичките Бугари, одмаздољубивите Романци и Црногорци кои ја предадоа нашата заедничка историја, заедно со другите, Швеѓаните“, напиша Рогозин на Твитер, каде често „ѕвечка“ со нуклеарното оружје на Русија, за спречената посета на Лавров на Белград.

- Реклама -