Заев за „бомбата“: Зборував за ДУИ, а љубовта и почитта за Албанците ја докажав на дело!

Во изјава за „ТВ21“, лидерот на СДСМ и коалицијата „Можеме“, ја коментира „бомбата“ објавена денеска, во која тема на разговор се гласовите на Албанците. Тој го потврдува она што го сугерираше и самиот разговор – дека зборувал за ДУИ.

„ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку“, вели Заев.

Тој потенцира дека во меѓувреме неговата љубов и почит кон Албанците ја покажал на дело:

„Јас сум ја покажал и докажал мојата љубов и почит кон Албанците на дело. Не само зборови туку и на дело. Донесен е Законот за јазици, се грижиме за сите заедници, прв сум ги повикал Македонците да гласаат за Албанци и Албанците за Македонци, прв сум ја отворил партијата за Албанци високи функционери, прв направив предизборна коалиција со албанска партија и лично и фамилијарно сум поврзан со Албанците, кум сум на Мухамед Зекири и тоа ми е големо задоволство“, порачува Заев.

Прочитајте и:  ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Заев истакнува и дека никаде во разговорот тој не го изговара погрдниот збор за Албанците, туку тоа го прави неговиот соговорник. „Бомбата“ Заев ја нарече низок и очаен обид кој нема да го обесхрабри и да го натера да го напушти концептот „едно општество за сите“.

„И покрај тоа што ДУИ не вреди пет пари, на 27 април со сопствен живот го бранев животот на Талат Џафери“, посочува Заев.

- Реклама -