Заев: Влеговме во нова фаза на регионалната соработка, но тоа не е замена за членството во ЕУ

„За сите нас е несомнено јасно дека само со интегриран и поврзан регион може да се движиме постојано кон нашата основна цел – членство во ЕУ. Имајќи го тоа предвид, од неодамна влеговме во нова фаза на нашата соработка. Од друга страна, ние, лидерите на земјите од регионот, истакнавме дека проширувањето на ЕУ претставува стратешка цел за земјите од Западен Балкан. Без сомнение, целосната интеграција на Западен Балкан во Европското семејство треба да биде природен исход на реформскиот пат на регионот и столб за долгорочен мир и стабилност. Се согласивме дека регионалната соработка е основен фактор, а не замена за Западен Балкан на нивниот пат кон членството во ЕУ“, порача премиерот Зоран Заев денеска од Самитот на земјите од Западен Балкан, кој го отвори германската канцеларка Ангела Меркел, а на кој говореа и премиерите на земјите членки Грција, Хрватска, Словенија, Италија, Бугарија, како и францускиот претседател Емануел Макрон и австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Заев оцени дека Берлинскиот процес успешно го придвижи Западниот Балкан во вистинската насока, посебно во однос на регионалната соработка, посочувајќи го, како конкретен пример и историски успех, роамингот со нула такса за регионот.

Заев потенцираше дека „сме посветени повеќе од кога било на спроведувањето на четирите слободи на ЕУ:

Прочитајте и:  Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана

• Слободно движење на стоки, преку зајакната инфраструктурна на граничните премини, 24/7 работа за сите гранични авторитети и со проширување на зелените коридори од Западен Балкан кон ЕУ;
• Слободно движење на услуги, преку взаемно признавање на професионалните квалификации, воведување систем без дозволи за интеркомпаниски трансфери во рамките на WB6, меѓусебно признавање квалификувани електронски потписи и други доверливи услуги;
• Слободно движење на луѓе, преку овозможување мобилност на студенти, научници и истражувачи, меѓусебно признавање на професионалните квалификации и отстранување на визите за туристите;
• Слободно движење на капитал, преку усогласување на пристапот кон регулаторната рамка на ЕУ за финансискиот пазар“.

Наведувајќи ги придобивките за граѓаните кои произлегуваат од политичката волја и посветеноста на регионалната соработка, Заев изрази надеж дека сите 6 земји од Западен Балкан ќе останат целосно посветени на понатамошното спроведување на резултатите за овој Самит во секоја клучна област. Преку исполнувањето на заложбите, Берлинскиот процес ќе обезбеди постојано политичко ангажирање (со интензивен преглед на усвоените бенчмаркови од страна на Европската Комисија, земјите-членки на ЕУ и Германија, особено како нејзин иницијатор) за унапредување на регионалната интеграција во согласност со стандардите на ЕУ и со тоа да се направи пореално ЕУ-инклузивно проширување, заклучи Заев.

- Реклама -