„Многу е лесно да се скараш с’с некој. Треба да бидеш јунак да напраеш пријателство с’с некој“, истакна премиерот Зоран Заев во интервјуто за бугарската БГНЕС, додавајќи дека „македонскио и бугарскио“ народ имаат предиспозиции да бидат најголеми пријатели.
„Ние сме пријатели со сите соседи. Но јас како што кажувам, ме гледате, говорам на македонски јазик, ме разбирате во Бугарија. Вие кога говорате на блгарски јазик овде ве разбираат. Јас сум плус од Струмица, ви кажувам, струмичани и петричани имаме исти дијалект, исти јазик говореме. И од тој аспект гледано, ние имаме роднини едни в’в други, тука ни се, дел ни се братучедите тука, дел ни се на таа страна. Еден дел се бегалци од Грција што биле в’в тоа време избегани, насекаде нѐ има. Значи, ако бидеме само паметни, не мора да бидеме најголеми Европејци, ама паметни само да бидеме заради нашите деца… Мора да бидеме паметни“, рече Заев, акцентирајќи дека тоа е од огромен интерес на државата.
„Ние имаме неискористен капацитет. С’с премиеро Борисов тргнахме да ги укинеме царините, митниците, комплетно. И дадехме задача, видехме дека не бива Бугарија членка на Европска унија, не може сама, како сака. И ние тргнахме сами да ги укинеме в’в еден дел, секој мора да има – заради економскио баланс – реципроцитет. Но тргнахме комплетно да ги отвораме границите. Не да има ‘уан стоп шоп’, за т’ва говорихме – да има нон-стоп ‘џаст го’, како викат: не запирај, одма оди“, па во истиот стил продолжи да ги набројува проектите за соработка и зближување меѓу младите, меѓу кои и музичките концерти „Уан Лов“ (One Love, нели).