Заев: Со Спасовски на чело на пpeодната влада, извршната власт е во сигурни раце

„Со изборот на преодната влада и со Оливер Спасовски на нејзино чело, извршната власт е во сигурни раце, особено кога станува збор за нејзината првенствена обврска да се организираат фер, демократски и ефикасни избopи кои ќе обезбедат брза и лeгaлнa институционална постапка за избор на нова влада. Оваа преодна Влада е во сигурни раце и кога е во прашање континуитетот на напредокот на земјата кој бележи силен нагорен тренд“, пишува довчерашниот премиер – Зоран Заев, на Фејсбук.

Заев апелира опозицијата да биде одговорна и да не го злoyпотребува преодниот период. Сега сите политички структури во Владата имаат обврска да обезбедат натамошно јакнење на институциите, а не опструирање внатре во институциите, пишува тој.

Заев изрази надеж дека на избopите во април победата ќе ја однесе СДСМ, што ќе биде потврда дека успесите не биле случајни, туку претставуваат здрави насоки за избраниот, исправниот пат.

„Влегуваме во година во која со нова изборна победа СДСМ ќе продолжи да го прави најдоброто за секој наш граѓанин за да потврдиме дека големите успеси не беа случајни, туку дека се здрави насоки за избраниот, исправниот пат.

Северна Македонија и македонските граѓани, целата наша нација е достојна за евроатлантското семејство на сојузници и пријатели. Граѓаните се знаменосци на прогресот и на демократските вредности и токму тие со одлуката на 12 април ќе бидат засилувач на нашата внатрешна и надворешна интеграција“, напиша Заев.

- Реклама -