Заев – Радев: Северна Македонија и Бугарија заедно тагуваат за жртвите од автобуската несреќа

Софија, 23 ноември 2021 (МИА) – Северна Македонија и Бугарија се заедно во тагата за жртвите од тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која животот го загубија најмалку 45 македонски државјани, порачаа премиерот Зоран Заев и бугарскиот претседател Румен Радев од нивната денешна средба во Софија.

Бугарија презеде навремени активности за расветлување на причините за автобуската несреќа, за идентификување на загинатите, за давање помош и лекување на настраданите, и очекува поддршка од македонските институции, на кои е подготвена да им ги обезбеди сите информации за случајот, се наведува во соопштението на кабинетот на Радев по средбата.

Како што јави БГНЕС, на средбата Радев му изразил сочувство на Заев за жртвите во автобуската несреќа, а македонскиот премиер му изразил сочувство на шефот на бугарската држава за деветтемина жртви од вчерашниот пожар во дом за стари лица во селото Ројак.

- Реклама -