„Имаме раст на просечната нето плата од 7% во ноември 2020, во однос на истиот месец 2019 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесувала 27.588 денари“, соопшти премиерот Зоран Заев.
Како што посочува тој, ваквото зголемување се должи на зголемувањата на платите во наведениот период во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11,2 %), Образование (9,5 %), Информации и комуникации (9,4%), Земјоделство, шумарство и рибарство (8,5%), Преработувачката индустрија (7,3%), и во други бројни дејности.
„Нашата цел е граѓаните да имаат достоинствени плати и подобар животен стандард. Владата е посветена на покачување на платите до 34.000 денари во следните четири години“, вели Заев.