Мултиетничкиот концепт е жив, а нашата држава е Европа во мало, порача премиерот Зоран Заев во интервју за „Коха“, изразувајќи увереност дека тоа ќе се вреднува и ќе придонесе за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
„Европа е спој на различности, на многу нации, 27 земји-членки. ЕУ мора да продолжи понатаму со европеизацијата на Западен Балкан, земјите од регионот го очекуваат тоа.
Ние сме Европа во мало, ние покажавме како заедно живееме, како сме еднакви и во права и во обврски, како продолжуваме да се унапредуваме сите еднички заедници коишто сме во мултиетничка Северна Македонија и така ќе продолжиме!
Верувам дека ЕУ ќе го има тоа предвид, за да може да ги забрза процесите за интеграција и на Северна Македонија и на Албанија и на сите други земји од Западен Балкан“, изјави премиерот.