Заев од Гостивар: Обезбедивме раст на платите и пензиите и додека ги решававме најкрупните прашања и се боревме со пандемијата

„Додека ги решававме најкрупните прашња, за време на референдум, за време на уставни промени, претседателски избори, парламентарни избори, повеќе од 20 месеци коронакриза, сепак ги подигнавме платите, 300 отсто ја зголемивме социјалната помош, ја покривме дупката во пензискиот фонд и од 1 јануари пензиите ќе растат заедно со платите“, посочи на вчерашната трибина пред гостиварчани лидерот на СДСМ и премиер – Зоран Заев.

Тој додаде и дека во овие четири години Владата била исправена и пред, како што рече, национализмот од двете страни – и од ВМРО-ДПМНЕ и од Алијансата за Албанците, но сепак со храбри одлуки и политики сега сме пример за соживот и едно општество за сите.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

„Станавме членка на НАТО и сега имаме траен мир, стабилност, сигурност, безбедност и можности за економијата. Благодарен сум на Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците за разбирањето кон Македонците, солидарноста и поддршката да го сочуваме македонскиот идентитет и јазик. Денес сме држава со признаен македонски јазик и идентитет. Успеавме да го исполниме аманетот на комитите, на партизаните, да имаме своја земја признаена од целиот свет“, рече Заев.

Владата во последните четири години ги покачи платите во здравството, платите на учителите и наставниците, на негувателите и воспитувачите во градинките, на културните работници, платите во полицијата и армијата, додаде лидерот на СДСМ.

- Реклама -