Заев од Чаир: Сѐ додека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со лажен национализам, ќе продолжат да губат

„Покажавме дека имаме храброст за сé што беше важно за државата и денес им докажуваме на сите политичари дома и во регионот, дека народот ги наградува храбрите политики и политичари“, порача денеска од скопската општина Чаир лидерот на СДСМ и коалицијата „Можеме“ – Зоран Заев, критикувајќи ги ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за ширење на национализам:

„И затоа ќе победиме, а сѐ и се додека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со лажен национализам, ќе продолжат да губат“, додаде Заев.

Како што рече тој, со Законот за употреба на јазици го заокружиле формално-правниот дел од Охридскиот рамковен договор, а она што останува е духот на договорот да биде вграден за сите, рамноправно, еднакво и со правата и со обврските пред државата. Притоа, ги обвини ДУИ дека неосновано си ги припишуваат заслугите:

Прочитајте и:  Филипче: Не можам да објаснувам потекло на пари за нешто што немам, немам ниту хациенда, ниту луксузно возило

„Денес, ДУИ и Ахмети лажат дека тие го донеле. Можеа да го донесат додека беа со ВМРО-ДПМНЕ, но немаа храброст. Денес со тој Закон не изгубија ништо ни Македонците, ни Србите ни Власите, никој, само ослободивме едно право кое беше заробено“, порача Заев пред граѓаните на Чаир.

- Реклама -