Заев на средба и со Ахмети, разговарале за оставка

Од утрово, па во текот на целиот ден, во Владата и во СДСМ се одвиваат консултации на сите нивоа. Според информациите до кои дојдоа неколку медиуми утрово, премиерот Зоран Заев бил длабоко разочаран од недобивањето датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија и сериозно размислувал за оставка. Според изворите на „Фокус“, партискиот врв го разубедувал Заев од таквата одлука. Италијанската новинска агенција „ANSA“, повикувајќи се на информација од европски дипломати, дури објави и дека Заев веќе дал оставка од премиерската функција.

Од Владата, пак, ниту ги потврдија, ниту ги демантираа шпекулациите, вклучително и на италијанската новинска агенција, за повлекување на Заев од позицијата шеф на владата.

 

Во скромното соопштение од Владата се вели само дека се водат интензивни консултации и одлуките ќе бидат носени „исклучиво во согласност со највисоките интереси на државата и граѓаните“. Притоа премиерот остварил комуникација и со низа европски лидери, меѓу кои и на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта, како и со еврокомесарот Хан, од кои добил јасна поддршка да продолжи по патот на реформите и европските интеграции.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Во меѓувреме, во Владата заврши консултацијата на премиерот Зоран Заев со својот коалициски партнер – лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според информациите на „Press24“, Заев требало да му предложи повлекување од премиерската функција, а да остане лидер на СДСМ. Неофицијално, Ахмети му порачал дека Заев и Владата немаат одговорност за недобивањето датум и дека треба да продолжат со реформите.

Засега нема официјална информација за заклучоците од средбата, а според „Press24“, Заев би требало да ја соопшти утре.

 

- Реклама -