„Фокус“: Заев е крајно разочаран и размислува за оставка, сопартијците го разубедуваат

Недобивањето датум за преговори крајно го разочарало премиерот Зоран Заев, па сега тој сериозно размислува за можноста да си даде оставка, објави „Фокус“ повикувајќи се на дипломатски извори.

Заев бил разочаран што Брисел воопшто не возвратил со валоризирање на компромисите при решавањето на споровите со соседите и напредокот во реформите, па во тек е координација на партискиот врв на СДСМ при што високите претставници на партијата се обидуваат да го разубедат Заев во неговата намера да се повлече од позицијата на премиер, пишува „Фокус“ (повеќе ТУКА).

Денеска и бугарскиот премиер Бојко Борисов откри дека разговарале со Заев на темата оставка. Тој исто така го советувал дека е потребно да остане на позицијата премиер (прочитајте ТУКА).

 

- Реклама -