Заев и Мицкоски денеска на ТВ дуел на „ТВ 24“

Лидерите на двете најголеми партии – Зоран Заев на СДСМ и Христијан Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ, денеска, на „Телевизија 24“, ќе го имаат првото ТВ соочување по повод претстојните предвремени избори на 15 јули, најави телевизијата.

Ќе се дебатира за низа теми од областа на политиката, правдата и економијата, меѓу кои и Договорите со Бугарија и Грција, но и предизборните ветувања за зголемени плати и пензии во услови на пандемија на коронавирус – кога сите релевантни светски институции велат дека последиците по економијата во светот ќе се чувствуваат со години, па и децении.

Дебатата е закажана во 18 часот и 15 минути во Отвореното студио на „ТВ24“, а домаќин ќе биде новинарот Младен Чадиковски.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

 

- Реклама -