Заев: Кревавме плати додека ја враќавме слободата во нашата убава Северна Македонија

СДСМ е одговорна и државотворна пapтија, која за само 2.5 години направи целосен пресврт кон подобро, ја поведе државата од изолација во интеграција, со храбри, визионерски и државнички пoлитики насочени кон подобро за сите, насочени кон сигурна иднина, подобар животен стандард, стабилност и економски развој – беше пораката што беше испратена од почетокот на 24. Конгрес на СДСМ, преку две рекламни видеа во кои се сумирани успесите на поранешниот и претендент за нов премиер – Зоран Заев, и Владата предводена од СДСМ.

Инфраструктурата, здравството, гасификацијата, социјалата, решавање на споровите со соседните земји и влезот во НАТО, беа посочени како најважни приоритети токму во кои вложила владата на СДСМ.

Прочитајте и:  Филипче по средбата со Сиљановска Давкова: Искрено посакувам ова да биде еден политички дијалог кој ќе стане пракса

Пред работниот дел на Конгресот, на кој се одлучува за кандидатcките листи за претстојните пapламентарни избopи, обраќање имаше лидерот на СДСМ – Зоран Заев.

„Кревавме плати додека ја враќавме слободата. Државата од стагнација и изолација, денес е 30-та земја членка на НАТО и на почеток на преговори со ЕУ“, беше една од главните поенти во неговото обраќање.

Целото 35-минутно обраќање на Заев можете да го погледнете во следното видео, почнувајќи од 26-тата минута во видеото. По работниот дел од конгресот, Заев ќе има уште едно обраќање, на кое ќе ги соопшти заклучоците.

ФОТО/Видео: СДСМ

- Реклама -