Заев: Комарците јадат, ама јас сум навикнат – јаде ме Мицко долго време

Во импресивна сценографија снимена од дрон и не толку импресивна борба со комарците и горештините, лидерот на СДСМ и коалицијата „Можеме“ – Зоран Заев, го почна вечерва обраќањето на митингот за Кочани, одржан високо на Пониква.

Токму комарците Заев ги искористи во воведот за да ја опише својата политичка борба со неговиот опонент – Христијан Мицкоски.

„Станав и сигурно како доаѓа ноќта, така и комарците напаѓаат. Хех. Тие јадат, ама јас сум навикнат – јаде ме Мицко долго време, не може да спие од мене. И во ноќта штрепа, и во спотови постојано со Заев, така да додека тој мене ме јаде, неговиот рејтинг си го подјади. Не било 1.6 водството, 3.6 било, а јас верувам дека е 5.2 водството, така да само нека продолжи. Еден Мицко ќе го издржиме, не па комарците дали ќе ги издржиме вечерва…“, почна Заев, изразувајќи увереност дека ќе бидат победници на изборите, но и желба ДУИ да одат во опозиција, бидејќи нема ништо против било која етничка група, но не прифаќа уцени.

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО

Воведното шоу на Заев можете да го видите од 23-та минута во видеото. Повеќе можете да прочитате на „Независен“, а ако сте љубители на комарци – и да го изгледате обраќањето до крај:

- Реклама -