Заев и Филипче гости на Третиот конгрес на СИРИЗА

Со говор на лидерот на партијата Алексис Ципрас, попладнево во Атина започна Третиот конгрес на СИРИЗА, на која како гости се присутни и поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, јави дописничката на МИА од Атина.

Заев и Филипче пред почетокот на Конгресот беа топло пречекани од поранешните министри од Владата на СИРИЗА, меѓу кои и поранешниот шеф на дипломатијата и архитект на Договорот од Преспа, Никос Коѕијас.

Поранешниот премиер и поранешниот министер го следеа обраќањето на лидерот на СИРИЗА со кое беше означен и почетокот на Конгресот, додека пак присутните во спортската сала, со аплаузи го проследија моментот кога Ципрас се поздрави со Заев.

Прочитајте и:  Филипче: Зошто Унгарија ни позајмува пари со помала каматна стапка кога самата се задолжува по повисоки камати?

Во следните денови, за време на Конгресот, што ќе трае до недела, според информациите на дописничката на МИА од Атина, поздравен говор ќе им и поранешниот премиер Зоран Заев.

Третиот конгрес на СИРИЗА е под мотото „Нов почеток за политича промена“.

МИА

- Реклама -