Заев: Донесовме храбри одлуки чии благодети граѓаните веќе ги чувствуваат

„Пред точно една година 610.000 граѓани гласаа ‘ЗА’ нашите најголеми стратешки цели: членството во НАТО и почеток на преговори со ЕУ“, се обрати премиерот Зоран Заев на Фејсбук, по повод навршувањето на точно една година од референдумот за името, кој се одржа на 30-ти септември 2018-та.

„Тоа беше силна порака од граѓаните, како што е денес пораката дека над 80% се за наша евро-атлантска интеграција. Донесовме храбри одлуки чии благодети граѓаните веќе ги чувствуваат“, порача Заев.

Тој вечерва во својот кабинет го пречека и својот пријател поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, со кого во срдечна и пријателска атмосфера ги констатирале бројните придобивки од Преспанскиот договор, меѓу кои и зголемената трговска размена, покренатите постапки за нови гранични премини меѓу двете земји, како и блиската соработка во сферата на одбраната, како што е Техничкиот аранжман со Грција за безбедносна контрола на небото над Северна Македонија (Аir Policing), потпишан денеска.

Ципрас по вторпат е во земјава, овојпат бидејќи е поканет како еден од главните говорници на Самитот за Западен Балкан – „Зајакнување на моментумот на европските интеграции“, во организација на реномираниот магазин „Економист“, а кој се одржува во Скопје. Повеќе за средбата на Заев и Ципрас, ТУКА.

- Реклама -