Заев со честитка за историскиот гол на Пандев: „Сѐ уште се загреваме за Европа, најдоброто допрва следува“

„Го живееме сонот кој го чекавме 30 години, да заиграме на Европското првенство во фудбал, рамо до рамо со најдобрите“, потсетува премиерот Зоран Заев откако македонските фудбалери со пораз од 3-1 го почнаа настапот на ЕП, но затоа пак го скршија мразот постигнувајќи го првиот, историски гол за Македонија.

„Бие срцето силно за црвено-жолтите, за нашата македонска гордост. Со полна душа го следевме секој ваш чекор на теренот, покажавте одлична игра, нѐ направивте горди и среќни.

Честитки до Горан Пандев и до македонската репрезентацијата за првиот, историски гол на ЕП за Северна Македонија.

Ние сѐ уште се загреваме за Европа, нашата најдобра игра допрва следува!“, порача премиерот Зоран Заев.

Тој мечот го следеше од трибините во Букурешт, исто како и министрите Бујар Османи и Крешник Бектеши, со кои попладнево заедно отпатуваа за Романија.

- Реклама -