Народите на Западен Балкан очекуваат декларациите на ЕУ да се преточат во дела и ако ЕУ не дејствува, разочарувањата кај народите од регионот ќе бидат непоправливи и на огромна штета на големата европска идеја за заедништво и соработка“, истакна денеска премиерот Зоран Заев на заедничката средба со првиот човек на Европскиот совет – Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, еврокомесарот за проширување – Оливер Вархеји, словенечкиот премиер – Јанез Јанша, и бугарскиот претседател – Румен Радев, пред почетокот на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брдо кај Крањ.
Според владината прес-служба, на средбата била потенцирана важноста на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан и било поздравено тоа што за Брисел проширувањето на Унијата со земјите од регионот и натаму останува стратешки приоритет.