Забрането објавување на кодовите за старт на луксузните возила

Британскиот суд забрани објавување на труд на еден стручњак по информатика во кои има кодови за старт на моторите на луксузни возила од Porsche, Audi, Bentley и Lamborghini, сметајќи дека тоа може да предизвика кражба на голем број автомобили.

584_Kluch-470-1

Флавио Гарсиа, од универзитетот во Бирмингем, успеал да го „разоткрие“ сигурносниот систем, така што го открил единстениот алгоритам кој на автомобилот му овозможува да го препознае кодот за клучот за старт на моторот, пишува британскиот The Guardian. Тој тоа сакал да го објави, но поради заштита Volkswagen, сопственикот на овие четири марки покренал тужба против Гарсија и уште двајца холандски стручњаци.

Судот процени дека ова објавување би можело да им помогне на софистицираните криминални банди да ги разоткријат сигурносните кодови и да ги украдат возилата. Возилата се заштитани со ситемот Megamos Crypto, алгоритам кој го дешифрира кодот меѓу клучот и моторот.

551_Kluch-470-2

Научниците имаа намера да го објават својот труд во август на симпозиумот за безбедност во Вашингтон, но судот тоа привремено го забрани. Volkswagen побара од авторите да ја објават верзијата без кодови, но авторите тоа го одбија. Грасија и неговите колеги, Барис Еге и Роел Вердут, велат дека тие се одговорни научници и нивната цел е да ја подобрат безбедноста, а не да им помогнат на криминалците. Тие сметаат дека јавноста треба да знае каде се слабостите на безбедносните системи, кримибналците тоа го знаат, зошто и јавноста не?!

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -