За зајакнување на коските, мускулите и срцето

Вкусна комбинација од 3 сушени плодови.

Сушените кајсии се вистински магацин за хранливи материи. Тие имаат поволен ефект врз срцевиот мускул, поради својата содржина на калиум. Освен тоа се и одлична превенција против рак. Во составот на овие плодови  влегуваат: фосфор, железо, калциум, каротин, витамин B5.

Смоквите ја нормализираат работата на тироидната жлезда. Во прилог, сушените смокви помагаат за отстранување на паразити од цревата. Се користат и како народен лек за лекување на бронхитис.

Модрите сливи имаат поволен ефект врз гастроинтестиналниот тракт. Тие ни помагаат да се ослободиме од запек и хемороиди. Во прилог, сувите сливи се корисни при проблеми со срцето и крвниот притисок. Се смета дека тие се погодни против бубрежни болести, ревматизам, заболувања на црниот дроб и атеросклероза. Благодарение на високата концентрација на витамин А, тие го подобруваат и видот.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

1 apricots

 

 

 Затоа секој ден во текот на 1,5 месеци јадете ја вкусната и магична комбинација од:

1 сушена смоква

5 сушени кајсии

1 сушена слива

Овие плодови содржат супстанции кои го фаворизираат обновувањето на клетките, вклучувајќи ги меките ткива околу ‘рбетниот диск. Тие ги прават овие ткива постабилни и еластични. Нивното засилување води до зајакнување на целиот рбетен столб. На овој начин ќе придонесуваат и за подобрата издржливост на срцето, мускулите и коските кон физичките оптоварувања.

- Реклама -