Фудбалскиот свет се уште зборува за повредата на Мохамед Салах во Лигата на шампионите.
Египќанецот после дуелот со Серхио Рамос го повреди левото рамо и мораше да ја напушти играта. Потоа Реал славеше со 3:1 и ја освои 13-та титула европски шампион.
Меѓутоа голем број навивачи сметаат дека Рамос стартувал со намера да го повреди Салах. Капитенот на Реал ѕвездата на Ливерпул ја повлече за десната рака и заедно завршија на тревникот. Салах незгодно падна левото рамо, го повреди и не можеше да го продолжи натпреварот.
Тревникот го напушти во солзи, а Рамос по натпреварот преку социјалните мрежи му посака брзо опоравување.
An MMA fighting analyst dissects Ramos’s “takedown” on Salah. Far too many aspects of it are deliberate for my liking.
Can’t do anything about it now, but just goes to show what kind of a man he is. pic.twitter.com/8r2cBCOWuG
— LFC Podcasting Couch (@PodcastingCouch) 27 May 2018
Сега, сите оние кои веруваат дека Рамос намерно го повредил Салах ќе имаат и уште еден аргумент. Имено, во финалето минатата година во Кардиф кога Реал со 4:1 го победи Јувентус. Во 31 минута од натпреварот на средината на теренот се бореше со топка со Дани Алвес кого го собори на сличен начин.
Во таа ситуација Алвес имаше среќа и ја извлече раката и не дозволи таа да заврши под Рамос со што избегна и повреда. За тој старт во капитенот на Реал доби жолт картон, додека во Киев помина без опомена.