Многумина се справуваат со проблеми заради желудочниот рефлукс дури и преку ден, но ситуацијата станува уште посериозна пред спиење. За да ја избегнете оваа незгодна неволја, потребно е да исфрлите неколку намирници од вашето вечерно мени. Набројани се во следнава листа:
1. АЛКОХОЛ. Ги опушта „вентилите“ кои ги поврзуваат желудникот и хранопроводот. Кога тоа ќе се случи, вашето тело веќе не може да ги задржува храната и киселините таму каде што им е местото (хинт: во желудникот), па повремено ќе го почувствувате непријатниот вкус на сета мешавина дури и во грлото.
2. ГАЗИРАНИ ПИЈАЛОЦИ. Спаѓаат во групата намирници кои во себе содржат повеќе киселини од било што што можеме да најдеме во природата. Згора на тоа, јаглеродниот диоксид го зголемува притисокот во желудникот.
3. МАСНА ХРАНА. Препорачливо е да се збогувате со сладоледот, кексите, хамбургерите и сета друга храна што содржи голем дел штетни маснотии. Таквата храна има сличен ефект како и алкохолот и газираните пијалоци.
4. ЧОКОЛАДО. Освен што има голем дел маснотии, содржи и кофеин (кој се наоѓа во какаото), но и теобромин – кој го поттикнува желудочниот рефлукс.
5. СИРЕЊЕ. Избегнувајте ги меките видови сирење, како фетата или моцарелата. Ако сепак се решите да си каснете од овој тип на млечни производи, изберете од потврдите варијанти, како пармезанот. Вака или така, количината што ќе ја изедете треба да биде мала.
6. ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ. Заситени или незасите, и едните и другите маснотии се неповолни за желудникот. Без оглед на тоа што јаткастите плодови се генерално полни со добри маснотии, треба да ги избегнувате пред спиење. Најлошо делуваат оревите, кикириките и индиските ореви. Најлесни за желудникот се бадемите и фстаците.
7. ЦИТРОНИ. Вкусни, здрави и освежувачки во текот на денот. Во текот на ноќта, полни со киселини. Подобро е да ги избегнувате.
8. КАФЕ. Покрај тоа што нема да можете да спиете заради кофеинот, истата таа состојка ќе предизвика и излачување на дополнителни киселини во желудникот.