За луксузните автомобили нема криза: И „Бентли“ со рекордна продажба во 2022 година

Бентли е последниот производител на луксузни автомобили кој соопшти дека постигнал рекордна продажба, јави ДПА.

Компанијата со седиште во Кру, јужно од Манчестер, соопшти дека минатата година испорачала 15.174 автомобили.

Тоа е 4 проценти повеќе отколку во 2021 година, и е поттикнато од рекордната побарувачка во Америка, Европа и Азија-Пацифик.

Ролс-Ројс вчера соопшти дека постигнал рекорд со испорака на 6.021 автомобил минатата година, што е зголемување од осум отсто на годишно ниво.

И други брендови на луксузни автомобили како Бугати постигнаа добра продажба за време на епидемијата на коронавирусот.

Доказ за добрата состојба со продажбата на луксузни автомобили е примерот на компанијата Ламборгини (Lamborghini), која во август соопшти дека ги предпродала своите автомобили до почетокот на 2024 година.

МИА

- Реклама -