За да не ве разочара „пријателот“, хранете го со следниве намирници

Еден од најголемите машки стравови е дека нивниот „миленик“ може да им откаже послушност во клучните моменти. За да не се случи тоа, треба да го подмитите со следните намирници:

КАФЕ
Кофеинот го подобрува метаболизмот и го забрзува крвотокот. Исто така, ги елиминира масните наслаги, па со тоа ја подобрува и издржливоста, давајќи ви доволно енергија за љубовната акција.

ОСТРИГИ
Остригите се полни со минерали на цинк и витамин Б6, кои се од витално значење за тестостеронот, кој пак е клуч за подобра ерекција.

ЛУТИ ПИПЕРЧИЊА
Зачинете го љубовниот живот со лути пиперчиња. Кога јадете луто, лицето ви се вцрвенува како последица на ширењето на крвните садови. Се разбира, истото се случува и со крвните садови во пенисот.

БАНАНИ
Бананите содржат калиум, кој е добар за срцето и циркулацијата. А мажите со здраво срце имаат и цврста ерекција. Ако не сте љубител на банани, потребната доза на калиум можете да ја добиете со консумирање на портокали или компир со лушпа (во која се наоѓа овој минерал).

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

ВИНО
Виното, особено црвеното, претставува сјаен извор на антиоксидантот кој помага во отворање на артериите и при зголемување на производството на азот-оксид. Азот-оксидот им овозможува на крвните садови да се прошират, на истиот начин како што тоа го прави и Вијаграта. Една или две чаши вино се идеални. Поголемата количина може да доведе до спротивен ефект.

ЛУК И КРОМИД
Алицинот во лукот и кромидот ја проретчува крвта и ја подобрува циркулацијата, а со тоа и ерекцијата. Се разбира, внимавајте и на здивот.

- Реклама -