Како познатите прават „селфи“ слики е белег на забавувањето во модерната ера.
Па, дури и „силата“ е немоќна да го спречи тоа.
Рекламата на Turkish Airlines „Kobe vs. Messi: The Selfie Shootout” од 2013 година доби најмногу гласови и стана најдобрата реклама на деценијата од страна на YouTube, како дел од својата 10-годишнина. На второто место се најде саканата реклама на Volkswagen од 2011 година „The Force”, со мини Дарт Вејдер кој го контролира Пасатот по своја волја.
Погледнете ги петте најдобри реклами подолу:
5. Dove “Real Beauty Sketches” (Скици на вистинска убавина)
Агенции: Ogilvy Brazil, PHD, Mindshare
Година: 2013
Гледаност: 65 милиони
4. Volvo Trucks “The Epic Split feat. Van Damme” (Епската шпага со Ван Дам)
Агенции: Forsman & Bodenfors
Година: 2013
Гледаност: 79 милиони
3. Always “#LikeAGirl” (Како девојче)
Агенции: Leo Burnett, Starcom MediaVest Group
Година: 2014
Гледаност: 57 милиони
2. Volkswagen “The Force” (Силата)
Агенции: Deutsch LA, MediaCom
Година: 2011
Гледаност: 62 милиони
1. Turkish Airlines “Kobe vs. Messi: The Selfie Shootout”
Агенции: Crispin Porter + Bogusky and Starcom
Година: 2013
Гледаност: 140 милиони
Текстовите во Адвертајзинг се поддржани од Via Marketing