World of World of Warcraft (видеа)

World of World of Warcraft World of Warcraft е една од најпопуларните игри на светско ниво, која во секој момент има преку 9 милиони играчи. Комерцијализацијата на таа популарност надмина секакви граници. Се продава сè што може да се произведе со заштитниот знак на WoW, се прават реклами со ликови од играта, а за среќа, секое вакво молзење на парите од посветените играчи, со себе повлекува и некои добри пародии.


World of Warcraft е една од најпопуларните игри на светско ниво, која во секој момент има преку 9 милиони играчи. Комерцијализацијата на таа популарност надмина секакви граници. Се продава сè што може да се произведе со заштитниот знак на WoW, се прават реклами со ликови од играта, а за среќа, секое вакво молзење на парите од посветените играчи, со себе повлекува и некои добри пародии.

World of World of Warcraft е пародија со која сатирично се задираат страстните играчи на оваа популарна он-лајн игра. Во пародијата се говори за нова игра, продолжение на веќе добро познатата, во која вие контролирате лик кој во неговиот свет игра World of Waercraft. Истата е толку добро направена што едноставно не може а да не ве насмее… освен доколку сте вљубеник во приказната за мистичниот свет на магични борби и џуџиња.

World of World of Warcraft
{youtube}Rw8gE3lnpLQ{/youtube}

А кога сме веќе на тема World of Warcraft, можеме да погледнеме и 2 реклами со ликови од најпопуларната он-лајн игра:

Реклама за Кока-Кола во Јапонија

{youtube}SOSrapbPrzU{/youtube}

Реклама за Слим Џим

{youtube}GHqgC3v-6RI{/youtube}

- Реклама -