Иако Windows 8 беше претставен во четвртокот со доста помпа, негов најголем конкурент сè уште му е Windows XP.
Оперативниот систем стар 11 години сè уште има околу 30 проценти од корисниците на компјутери во целиот свет што значи дека и покрај фактот што Microsoft престана да го продава уште во 2010 година XP и понатаму е еден од најпопуларните оперативни системи. Заклучно со септември XP имаше 27,64 проценти од корисничката база, на второ место зад Windows 7 кој имаше 52,2 проценти.
Аодан Кален, претседателот на StatCounter, изјавил: „Нашата статистика ја потврдува теоријата дека бизнис корисниците покажуваат одбивност кон напуштање на XP. Новиот интерфејс на Windows 8 претставува радикална промена на интерфејсот на Microsoft. Десктоп искуството е променето значително што дополнително ќе ја зацврсти одбивноста кон надградба кон новиот оперативен систем.“
Првичните жалби против Windows 8 се фокусираа на драстичниот редизајн, вклучувајќи го и отсуството на Start копчето, клучен елемент интерфејсот на Windows уште од 1995. Наместо фајлови, фолдери и статични икони, новиот оперативен систем има лебдечки плочки. Оваа промена беше доста голем ризик за збунување на корисниците и нивно губење во корист на оперативни системи со потрадационален интерфејс.