Вучиќ разговарал со Столтенберг за состојбата на северно Косово

Белград, 3 август 2022 (МИА) – Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со состојбата на северно Косово, јави допиникот на МИА од Белград.

„Двајцата соговорници се согласија дека е неопходно да се продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека мирот и стабилноста се од клучно значење, не само за Србија и регионот, туку и за сите оние кои живеат на Косово и Метохија“, се наведува во соопштенеито на прес службата на Вучиќ.

Тој во разговорот со генералниот секретар Столтенберг го презентираше ставот на Србија во однос на исклучително тешката ситуација на Косово и го запозна со активностите на Приштина кои предизвикуваат дополнителен страв и немир кај граѓаните од српска националност.

Прочитајте и:  Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО

„Исто така, претседателот Вучиќ уште еднаш истакна дека Србија со ниту еден потег не го прекршила ниту Бриселскиот договор, ниту Резолуцијата 1244, бидејќи на ниту еден начин не го загрозува зачувувањето на мирот, туку дека продолжува да се однесува одговорно и сериозно во решавањето на проблемите и отворени прашања“, се наведува во соопштенито.

Двајцата соговорници се договорија да продолжат со директна комуникација со цел да се зачува мирот и стабилноста во целиот регион, а претседателот Вучиќ му се заблагодари на генералниот секретар Столтенберг за коректниот однос и желбата да ја сослуша српската страна.

- Реклама -