Најбрзиот начин за минување низ густиот сообраќај е со мотоцикл. Но најпосле има возило и за оние сообраќајни метежи кои не можат да се поминат дури и на две тркала. Како трансформер, Uno III Streetbike – или U3 – со само едно копче може да се претвори од конвенционален мотоцикл во возило во моноцикл стил.
Машината со погон на електрична енергија одржува рамнотежа на две паралелни задни тркала додека предното се собриа помеѓу нив за да овозможи полесно маневрирање во тесни простори и да влегува во згради – дури и во лифтови. Но, кога е потребна малку поголема брзина, предното тркало се поместува нанапред а задните две тркала се поместуваат кон назад, со што возилото добива стабилност за брзини до 50 километри на час.
Ова возило може да помине околу 50 до 60 километри со едно полнење кое трае три до четири часа. Новото возило било развиено од основната идеја на Бенџамин Гулак, млад инвентор од САД. Пред четири години Бенџамин, кој со својот татко бил во Кина, го замислил ова возило како решение за проблемите на огромните кинески градови исполнети со смог.
Бидејќи Бенџамин лично се уверил во загадувањето на Пекинг, Шангај и Хонг Конг, голем дел од кое е предизвикано од двотактните мотори на скутери и мотоцикли, тој сфатил дека електричните возила би биле идеална замена. Кога се вратил дома тој решил да го дизајнира врвното електрично возило, кое сепак ќе биде кул.
Врз основа на оригиналниот Uno I прототип, изграден како средношколски научен проект во 2008 година, Uno III еволуирал за да се справи со трансформацијата од подвижен градски шетач во стабилен крстосувач за автопати. Компанијата на Бенџамин, BPG Motors сместена во Кембриџ, Масачусетс, сега го произведува ова неверојатно возило. Доволно мало за да влезе во зграда, но доволно моќно за да се справи со патиштата, производителот се надева дека ова возило кое чини 7500 долари ќе започне револуција во транспортот. [The Uno – The world’s first real transforming vehicle]