Home Астал Времето денеска: Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска: Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

0
Времето денеска: Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

И утре, според прогнозата на УХМР времето ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во прогнозата се вели дека во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Утринската температура ќе биде од 7 до 13 степени, а во текот на денот ќе достигне од 16 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Наутро температурата ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 22 Целзиусови степени.

И утре, според прогнозата на УХМР времето ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here