„Вреди“: Криминалното раководство на ДУИ и нивните сателити ќе прават претстава само да избегнат соочување со правдата

Криминалното раководство на ДУИ и неговите сателити, Зијадин Села и Мендух Тачи, ќе прават претстава за бркање на уплавот од нивното соочување со правдата. Нема да дозволиме да го потценуваат албанскиот народ, изјави на прес-конференција пратеничката на Коалицијата „Вреди“ Саранда Имери.

-Ахмети од командант Абаз Џука стана ортак со кралевите на стриптизот и коцката. Внукот на Ахмети, Дрин, јавноста го запозна во јуни 2023 година по аферата „Соравија“, кога како 24-годишник го купи трговскиот центар од 13.000 м2 во централниот дел на Скопје, за фантастични 20 милиони евра. Станува збор за шема на сомнителни финансиски трансакции кои ги истражува Јавното обвинителство за организиран криминал, кое меѓу другото бара меѓународна правна помош и од американските власти. Од страв дека се фатени, внукот на Ахмети се повлече од фамозната фирма „Тор Индустри“ во пресрет на изборната кампања, на 13 март 2024, рече Саранда.

Таа потсети дека тогаш Јавното обвинителство соопштило дека неговото повлекување не може да го амнестира од одговорност.

-Фирмата на внукот на Ахмети е преземена од фирмата на кралот на стриптиз барови во Далас, Ник Назар Мехмети, со назив „Тексас Американ Интернешнл Холдригс“. Токму тој, во јули 2023 година, основал фирма со влог од 3 милиони евра, со назив „Американ Инвестмент Груп ДООЕЛ“, регистрирана на иста адреса со „Тор Индустрис“. Истата фирма „Американ Инвестмент Груп ДООЕЛ“, на 31 јули 2023 година, веднаш по регистрирање, на „Тор Индустрис“ на Дрин Ахмети му префрлува позајмица од 3 милиони евра, без да се дефинира целта на овој заем, рече таа.

Запраша дали очекува, како што рече, „Абаз Џука денес да открие дали парите од црните бизниси и криминални тендери ги пере преку своите внуци?“.

Истакна дека Јавното обвинителство истражува серија деловни набавки кои ги добил Дрин Ахмети во ЕСМ, ЕЛЕМ, ЈП Комуналец Кичево, како и документација од Комисијата за заштита на конкуренција, од Фондот за иновации, МВР, Капетанијата на пристаништа, Министерството за економија и Централниот депозитар за хартии од вредност.

-Да не го заборавиме и другиот внук на Абаз Џука, Бесиан Ахмети, кој е вмешан во матни зделки во државата. Едвај чекаме криминалното раководство на ДУИ да се соочи со членството и нивните симпатизери. Ќе видиме како ќе ги убедуваат да застанат во одбрана на милионските криминалии со кои се богатеа Ахмети, Груби, Крешник, Бујар, Ејуп, Прпарим, Муса и нивните фамилии, рече пратеничката од „Вреди“ на прес-конференција.

- Реклама -