Возете 100 километри со новите шпански батерии

Со новата генерација батерии, развиени од шпански инженери, можете да поминете 1000 km.

Тие се за 77% поевтини од своите претходници и се потребни само 8 минути за нивно целосно полнење. Се нарекуваат  графенови батерии и веќе се тестираат од четири автомобилски компании.

Електричните возила се алтернативната форма на транспорт на иднината – не ја загадуваат животната средина, нудат помала бучава и се придвижуваат со електрична струја, кој е значително поевтина и е неисцрпна. Иако, не се моќни и брзи како автомобилите со фосилни горива, тие сепак се доволно развиени за да одговараат на основните транспортни потреби на луѓето. Но, зажал се уште не се лесно прифатливи, пред се поради цената, како и долгото време да се наполнат и брзо трошење на батеријата. Имено сегашните најдобри верзии користат литиум-јонски батерии кои се полнат за неколку часа, но со едно полнење можете да минете не повеќе од 300 километри. Решение за овие недостатоци се замена на литиум-јонската со графин-Polymer батерија, развиени од страна на шпанската компанија Graphenano и истражувачи од Универзитетот во Кордоба.

Graphenano е лидер во светот по производство на графин во индустриски размери. А, графеновата батерија може да се покаже како револуционерно откритие за електромобилот и телефонската индустрија. Таа е два пати полесна од литиум-јонската батерија, чини 77% помалку, се полни само за 8 минути. Со ова полнење може да поминете до 1.000 километри.

Графин претставува лист од јаглерод со дебелина еден атом. Тој е еден милион пати потенок од лист хартија. Графин е исклучително лесен: еден квадратен метар лист од графинот тежи едвај 0.77 грама. Се карактеризира со флексибилност, транспарентност, водоотпорност, безопасен е за животната средина и е 200 пати поцврст од челикот. Нешто повеќе, спроводливоста му е 100 пати поголема од силициум чиповите. Графин е топлопроводник, генерира електрична енергија и ги менува своите својства во комбинација со други супстанции. Хелиумски атоми, најмалите во светот, можат да минуваат преку него и се опоравува многу лесно по оштетувањето. Колку и неверојатно да звучи, производството на графин е поевтино. Сите земји го имаат во изобилство, бидејќи се среќава често во природата.

Производството на графенови батерии за електрични возила ќе започне во првата половина на 2015 година од компанијата Graphenano и ќе бидат испробани во автомобилите на две од четирите големи германски марки. Graphenano сеуште работат на големината на графеновите батерии. Ако успеат да го намалат доволно за да се користи во мобилните уреди, ќе можеме да ги наполните смартфоните само за 5 секунди.

 

- Реклама -